Јовевски: Намалувањето на работата на администрацијата е радикално намалување во нивната продуктивност
Во вечерашното гостување во Тема на денот во вестите на Сител, професорот по трудово право Лазар Јовевски рече дека јавната администрација со својата работа директно или индиректно имплицира во однесувањето на граѓаните. Решението е погрешно, вели Јовевски зборувајќи за предлог законското решение за скратено работно време на административните службеници.
Според него, граѓаните веќе се незадоволни од работата на админстративците, па ова законско решение нема да оди во продуктивноста на работата и ќе предизвика уште поголемо незадоволство меѓу граѓаните.
-Ова е радикално решение, што ќе донесе негативен ефект. Јас дадов намалување од половина час до час во било кој ден. Зошто мора да биде само петок? Сепак со овие 4 часа во петок се прави разлика меѓу вработените во приватниот и бизнис секторот. 4 часа помалку работа значи радикално намалување во продуктивноста на администрцијата. Се повеќе од час и половина е недозволиво за македонски прилики, вели Јовевски.
Ново на Сител
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина
-
Преглед на вестите од светот
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда