Јовески: Постојат основи за нови притвори

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески смета дека по вчера поднесениот обвинителен акт, има основи за нови мерки притвор за дел од обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година.
Јовески во изјава за Дојче веле, наведува дека одлуката на Врховниот суд пред два дена за притворите, се однесува за жалбите доставени во делот на истрагата, а новите мерки се побарани откако Обвинителството и официјално подигна обвиненија за 30 лица за случувањата од 27 април.
- Обвинителството смета дека постојат основи за притвор. За секоја од побараните мерки за обезбедување има поединечни околности кои се ценат - дали лицата се вработени, семејно-материјалната состојба, нивни релации со роднини во странство..., вели Јовески и потенцира дека Обинителството располага со доволен број докази да го докаже ова обвинение пред Судот.
Тој не обелоденува кои се основите за барањето притвор, но посочените околности сугерираат дека во најголем број случаи се превенира можноста од бегство, односно да се обезбеди можност тие да бидат достапни за време на судскиот процес.
Петмина обвинети, на барање на ЈОРМ, ноќеска се приведени, а Кривичниот суд им одреди 30-дневен притвор.
Ново на Сител
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
