Јовановски: Ќе го спроведеме проектот „Залови, стерилизирај и врати“ во соработка со Здруженијата за заштита на правата на животните
Генезата на бездомни животни на улиците лежи во неодговорното сопствеништво. Она што ние сакаме да го направиме е да формираме стационари и прифатилишта кои може да бидат и во соработка со соседните општини, изјави денес кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски.
-Раководењето со овие прифатилишта и стационари ќе биде во надлежност на општината, но во соработка со стручни лица кои се членови на Здруженијата за заштита на правата на животните. Целосно ќе сакаме да го спроведеме проектот „Залови, стерилизирај и врати“, но врати на истото место каде тоа куче претходно живеело за да не дојде до ситуација некое куче биде вратено на место каде ќе има уште потежок живот, вели Јовановски.
-Така секое животно кое ќе го најдеме на улица ќе знаеме дали неговиот сопственик треба да подлежи на некоја дисциплинска мерка или ако е изгубено, сигурно да го вратиме дома. Миленичињата се неразделив дел од семејствата, ќе се бориме во таа насока на најдеме локација за да им овозможиме на сопствениците достојно да се простат од нив. Центар мора да биде хуман, потенцира Јовановски.
Ново на Сител
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет
-
Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат
-
Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица
-
Лиза Кудроу за скриената порака од Метју Пери
-
Поради зголемена бучава затворена авто-перална во Карпош
-
Мицкоски доби покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп
-
Кривична за три лица за претепување на бездомното куче Феликс кое угина пред два дена
-
ДУИ: Македонците ја мразат ДУИ затоа што ги зајакна Албанците