-->
-->
Јотовски загуби во полуфиналето во дубл на турнирот во Белград
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето во игра на двојки на фјучерс турнирот во Белград што се игра за награден фонд од 10.000 долари.
Иако Јотовски заедно со Дарко Јандриќ ја имаа улогата на први фаворити, тие попладнево се поразени во полуфиналето од српската двојка Небојша Периќ и Страхиња Ракиќ во три сета со 2:1.
Јотовски и Јандриќ го добија првиот сет со 7:5, но во вториот одиграа далеку под очекувањата па го загубија со 3:6. Тоа како да им даде дополнителен мотив на нивните противници па по долга борба и дури 18 одиграни гема, Периќ и Ракиќ го добија сетот со 10:8, за конечни 2:1 во сетови и пласман во финалето.
Сепак, нашиот тенисер останува во игра за триумф на овој турнир во сингл конкуренција откако со победата од 2:0 над Аргентинецот Мануел Пења Лопез се пласира во полуфиналето каде за противник ќе го има првиот носител, Австралиецот Кристофер О'Конел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа