Тенис
21. July 2016 - 19:08

Јотовски загуби во полуфиналето во дубл на турнирот во Белград

 
 
 Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето во игра на двојки на фјучерс турнирот во Белград што се игра за награден фонд од 10.000 долари. 
 
Иако Јотовски заедно со Дарко Јандриќ ја имаа улогата на први фаворити, тие попладнево се поразени во полуфиналето од српската двојка Небојша Периќ и Страхиња Ракиќ во три сета со 2:1. 
 
Јотовски и Јандриќ го добија првиот сет со 7:5, но во вториот одиграа далеку под очекувањата па го загубија со 3:6. Тоа како да им даде дополнителен мотив на нивните противници па по долга борба и дури 18 одиграни гема, Периќ и Ракиќ  го добија сетот со 10:8, за конечни 2:1 во сетови и пласман во финалето. 
 
Сепак, нашиот тенисер останува во игра за триумф на овој турнир во сингл конкуренција откако со победата од 2:0 над Аргентинецот  Мануел Пења Лопез се пласира во полуфиналето каде за противник ќе го има  првиот носител, Австралиецот Кристофер О'Конел.