-->
-->
Јотовски во променлива форма, Мицов и Деари се изборија за главниот турнир
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски е поразен во првото коло на фјучрсот во Трст, што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Тој по три часа игра загуби од Италијанецот Андреас Цирлети со 2-1 во сетови (6:2; 6:7 (3:7) и 6:4). Јотовски во вториот сет успеа да спаси и меч топка на ривалот, а откако изедначи на 1-1 во сетови го загуби решавачкиот сет. Јотовски попладнево против Џирлети постигна победа во двојки. Јотовски со Аугусто Вирџили од Италија ги победија со 2-1 (4:6; 6:2 и 10-6 на поени) Цирлети и Франко Капалбо од Аргентина.
Двајца македонски тенисери успешно ги минаа квалификациите на фјучрсот во Нови Сад што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Стефан Мицов денеска го совлада Максимилијан Гатев од Швајцарија со 2-0 во сетови, а Шендрит Деари беше подобар од Стефан Латиновиќ од Србија со истиот резултат.Двајцата постигнаа по три победи во квалификациите.
Двајцата немаа многу среќа со ждрепката на главниот турнир. Мицов за противник го доби Џонатан Мридха од Шведска (трет носител), а Деари ќе игра против Елмар Ејуповиќ од Германија (петти носител).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство