Тенис
24. September 2015 - 23:22

Јотовски во финале во двојки во Сокобања

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски покрај четвртфиналето во сингл ќе игра во финалето во игра на двојки на фјучрсот во Сокобања. Тој и Александар Лазов од Бугарија, како први носители ги победија Андре Биро (Унгарија) и Горан Марковиќ (Србија) со 2-0 во сетови (7:5 и 6:3).

Тие во финалето утре ќе играат против четвртите носители Богдан Ѓурѓевиќ (Германија) и Енрик Гуаита-Паис (Шпанија).
Јотовски (4.носител) денеска во 2.коло оствари и победа над македонскиот тенисер Стефан Мицов со 2-1 во сетови и утре во четвртфиналето ќе игра против Нико Матиќ (6.носител) од Германија.