-->
-->
Јотовски со пресврт во свој стил го совлада противникот - повредата е веќе минато
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски, полека и успешно се враќа на терените и на фјучрс турнирите. Поради повреда на рамото тој седум месеци беше надвор од терените, а изминативе недели ги бележи првите мечеви оваа календарска година.
Во денешниот меч од првото коло на фјучрсот во Анталија, Јотовски во свој стил по речиси три часа игра и со пресврт го совлада Романецот Влад Андреј Данку со 2-1 во сетови (1:6; 6:3 и 7:6 (8:6)), искористувајќи ја втората меч топка.
Противникот подобро го „отвори“ мечот и го доби сетот со 6:1, за потоа Јотовски да изедначи освојувајќи го вториот сет со 6:3. Во решавачкиот сет нашиот тенисер имаше предност од 5:3 во гемови и меч - топка при 5:4, но ривалот направи брејк за изедначување. Сепак Јотовски не падна психички и во тај брекот стигна до триумфот.
Во следното коло Јотовски за ривал ќе има уште еден романски тенисер Дан Томеску, кој го елиминираше четвртиот носител Луис Веселс од Германија.
На овој фјучрс нашиот тенсиер со Гркот Јанис Стергоу успешно ја минаа првата пречка во игра на двојки.
На претходните два фјучрс турнири Јотовски во Анталија кои беа еден вид привикнување и враќање на терените по паузата беше елиминиран во првото коло (прв турнир) и во второто коло (втор турнир).
Нашиот тенисер со вкупно 107 поени се наоѓа на 601 место на ИТФ ранг листата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Песков: Америка сака да види дека Киев сака мир за време на разговорите со Украина во Ријад
-
Поради сообраќајка на магистралниот пат Битола-Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат
-
Камбовски: Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд
-
Oд метастазиран рак до без рак за неколку месеци
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1
-
Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење