-->
-->
Јотовски со пресврт до триумф над Грабул во Скопје
-->
Во дуелот на македонските тенисери (дејвис куп репрезентативци) Томислав Јотовски со 2-1 во сетови го победи Димитар Грабул, иако противникот имаше водство од 1-0 во сетови.
Првиот сет го доби Грабул со 6:3 во гемови, со посигурна игра. Во вториот сет резултатски беше неизвесно, а решавачкиот брејк Јотовски го направи во 12.гем добивајќи го сетот со 7:5. Во тие моменти Јотовски, кој е седми носител на турнирот ги надмина и здравствените проблеми кои ги имаше во текот на првиот сет. Во решавачкиот сет по водството на Грабул од 2:1 во гемови, Јотовски имаше серија од четири освоени гема што се покажа како решавачко и сетот го доби со 6:3. Мечот траше 2 часа и 38 минути. Во мечот Јотовски имаше 12 брејк шанси и искористи 5, додека билансот на Грабул беше 4/11.
Утре во четвртфиналето Јотовски ќе игра против четвртиот носител Цунг Хуа Јанг од Тајпех, кој денеска со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2) го победи Никола Хортон од Австралија.
Меч од второто коло денеска играче и македонскиот тенисер Бесир Дургути, кој загуби од првиот носител Давид Пихлер од Австрија со 2-0 во сетови (6:0 и 6:2).
Попладнево во игра на двојки настап ќе има Димитар Грабул во полуфиналето со Лука Павловиќ од Франција ќе играат против првите носители Пихлер и Максимилијан Нојхрист од Австрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон