-->
-->
Јотовски по маратонски меч остана без полуфинале во Брчко
-->

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски во маратонски меч во 1/4 финалето на фјучрсот во Брчко загуби од Дејан Катиќ (Србија) со 2-1 (4:6; 6:4; 7:6 (7:5)) во сетови. Мечот траеше 3 часа и 2 минути.
Нашиот тенсиер го доби првиот сет со 6:4 во гемови и имаше водство од 1-0 во сетови, а имаше предност од брејк на почетокот на вториот сет кога водеше со 2:0 и 3:1 во гемови. Во тие моменто Катиќ направи пресврт и го доби сетот за 6:4 и се избори за решавачки.
Во третиот сет Катиќ прв натправи брејк и поведе со 4:2, но Јотовски брзо се врати и изедначи на 4:4. До крајот немаше брејк и решаваше тај-брекот. Катиќ поведе со 5-0 и 6-1, а Јотовски успеа да спаси четири меч топки, но немаше можност за комплетен пресврт. Со тоа Катиќ доби уште еден меч против Јотовски.
Дека мечот беше изедначен покажуваат и бројките:
поени: 113:112 за Катиќ
брејк топки: 5/9 Јотовски ; 5/15 Катиќ.
Катиќ предноста во мечот ја имаше во сервисот (7:1 ас; 0:5 двојни грешки).
Јотовски ќе запише два поена, но не успеа да го повтори резултатот од лани кога на фјучрсот во Брчко играше во финалето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Студентска акција во Србија „Распиши победа“: Студентите собираат потписи на речиси 500 локации
-

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур
-

Од силен ветер падна парче лим од покрив на зграда во центарот на Куманово
-

На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и еден тон тутун
-

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
-

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура
-

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим
-

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
