Ракомет
14. January 2018 - 22:26

Јотовски остана само со полуфинале во Хамамет

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски на првиот турнир годинава играше во полуфиналето на фјучрсот во Хамамет. Тој во борбата за пласман во финалето не искористи две меч топки во денешното полуфинале против Џереми Јан од Германија. Јотовски во мечот што почна вчера и беше прекинат имаше водство од 1-0 во сетови и 3:1 во вториот сет, но не успеа да ги искористи меч топките при резултат 5:2 и 5:4 во гемови.

Неговиот ривал успеа да направи пресврт и го доби мечот со 2-1 во сетови, но потоа го предаде финалето.
Јотовски за пласманот во полуфиналето ќе добие 6 поени, кои ќе му бидат пресметани откако ќе заврши Австралија опен на 29.јануари.
Во делот од подготовките за оваа сезона нашиот тенисер имаше заеднички под тенисерот од БиХ Џумхур, под надзор на италијанскиот тренер Касетални.
Јотовски е пријавен за настап за уште еден фјучрс во Хамамет што стартува од вторник, а истите обврски го чекаат и следната недела.