-->
-->
Јотовски ги мина квалификациите, а следен ривал четвртиот носител
-->

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски без поголеми проблеми триумфираше во денешниот меч од квалификациите на фјучрсот во Хамамет, Тунис. Тој за влез во главниот турнир го победи Карло Краниќ од Хрватска со 2-0 во сетови (6:2 и 6:1 во гемови).
Јотовски во претходното квалификациско коло госовлада Анже Арх од Словенија со 2-1 во сетови.
Нашиот тенисер на овој турнир настапува во квалификациите бидејќи доцна го пријави учеството и затоа беше рангиран и како прв ностител во квалификациите. Попладнево немаше многу среќа со ждребот бидејќи за ривал го доби Шпанецот Џерард Гранољерс - Пујол (4.носител), кој се наоѓа 397.место на АТП листата.
Јотовски ќе настапи и во игра на двојки каде со Резарт Цунгу од Црна Гора на стартот ќе играат против Џабор Ал Мутава од Катар и Габи Адриан Боитан од Романија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
