-->
-->
Јотовски без сингл финале во Добој
-->
Македонскиот тенсиер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Добој во поединечна конкуренција откако денеска загуби од четвртиот носител Фабрицио Оранџо од Италија со 2-0 во сетови (6:1 и 7:5 во гемови). Јотовски за пласманот во полуфиналето ќе добие 6 поени, а ова е негов најдобар пласман досега во 2017 година.
Во мечот од полуфиналето за разлика од претходните дуели на овој турнир нашиот тенисер имаше само еден берјк на сервис на противникот од седум можности, додека ривалот имаше 4/8. Притоа во вториот сет Јотовски не успеа да искористи и 4-5 сет топки. Ваквиот резулатат се должи и на тоа што Јотовски вчера по триумфот во четвртфиналето во сингл одигра два меча во конкуренција на двојки.
За Јотовски останува на овој турнир поплднево да го одигра и финалето во игра на двојки каде настапува заедно со младиот тенисер од Србија Милан Радојковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување