-->
-->
Јотингер: Грција нема да има потреба од четврта програма за финансиска помош
-->
- Европската комисија смета дека Грција нема потреба од четврта програма за финансиска помош, изјави еврокомесарот за прашања за буџетот и човекови ресурси Гинтер Јотингер, објави весникот „Та неа“.
- Веруваме дека Грците ќе се вратат на пазарите во блиска иднина, изјави Јотингер пред средбата на лидерите на ЕУ во Брисел.
Во случај Грција да има потреба од финансирање, земјата треба да обезбеди свеж капитал од пазарите. Тековната трета спасувачка програма за Грција е во износ од 86 милијарди евра и завршува следното лето.
Наспроти регистрираниот мал економски раст, експертите сметаат дека Грција нема да има потреба од целиот износ од третата програма, посочи еврокомесарот Јотингер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Димитриевски: Жртвата на загинатите припадници на безбедносните сили е симбол на храброст и посветеност
-

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден
-

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога и оружје
-

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред
-

Николоски: Нема проблем со керозин, имаме резерви за 90 дена, отворени се пет нови дестинации и покрај кризата
-

Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа
-

Честитка за Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши
-

Меси за Роналдо: Имавме големо спортско ривалство
