Loading Video...
Свет
4. April 2021 - 19:41

Јорданскиот принц Хамза тврди дека е во домашен притвор, властите демантираат

Јорданскиот принц Хамза тврди дека е во домашен притвор, властите демантираат. Војската упаднала  во палатата на поранешниот престолонаследник и уапсени се двајца негови соработници поради наводен обид за државен удар против кралот Абдула. Хамза објави две видеа на кои вели дека е затворен дома и го обвини државниот врв за корупција и неспособност. Војската пак само потврди дека принцот на Јордан е дел од безбедносни истраги.

Утрово ме посети командантот на генералштабот на јорданската армија кој ме извести дека не ми е дозволено да излегувам надвор, да комуницирам со луѓе или да се сретнувам со луѓе бидејќи на средбите на кои присуствував или на социјалните мрежи врзано со моите посети имало критики на сметка на кралот“.

41-годишниот Хамза беше принц престолонаследник на Јордан сè додека Абдула не го отстрани во 2004 година. Абдула владее со кралството од смртта на неговиот татко Хусеин во 1999 година.