Свет
24. January 2016 - 9:14

Јорданската војска уби 12 лица што се обиделе да илегално да влезат во земјата

Јорданските војници убиле 12 лица што се обиделе да влезат нелегално во кралството од територијата на Сирија, се наведува во соопштение на јорданската армија, пренесува БТА.

Дванаесетте луѓе биле убиени при судир меѓу граничната полиција и група од 36 лица, од кои некои биле вооружени.

Останатите 24 лица избегале назад во Сирија, напуштајќи два милиони капсули наркотички средства, што биле запленети од армијата.