Јончевски: Не сум разочаран, но можеше да биде подобро
Александар Јончевски кој ја имаше улога на селектор на македонската кошаркарска репрезентација на вчерашниот дуел со Грузија рече дека не е разочаран и покрај поразот со 79:65.
– Уште еднаш противникот освои заслужи победа, но и ние имавме одлични моменти во играта, така што не можам да се пожалам. Сакам да им честитам на моите играчи за борбеноста, почитта кон националниот дрес во овој ‘прозорец’. Можам да кажам дека споредено со првиот натпревар имавме подобар одговор на целокупната игра на противникот, иако не можевме да го контролираме скокот од наша страна. Имавме отворени шутеви и нереализирани шанси, ова не е најдоброто од нас, но не можам да кажам дека не сум задоволен од овие играчи. Имавме само шест поени од клупа, не сум разочаран, но секако можеше да биде подобро, истакна Јончевски по вториот пораз од Грузија во мудо-квалификациите.
Македонската репрезентација има четири порази во исто толку натпревари и е со минимални шанси да ја помине групата.
Ново на Сител
-
Србија е единствениот кандидат за ЕУ што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја
-
ВМРО-ДПМНЕ: Не се заборава штетата што ја нанесе СДСМ
-
Муцунски – Јовановиќ: Двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го стави Коце Трајановски да располага со 600 милиони евра
-
Подготвен сум да разговарам за предлогот за распуштање на Судскиот совет и на Советот за јавни обвинители, вели Мицкоски
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело