Јолевски во еднодневна посета на Полска
Делегација на македонското Министерство за одбрана предводена од министерот Зоран Јолевски денеска ќе престојува во Полска.
За време на еднодневниот престој, Јолевски ќе се сретне со полскиот министер за национална одбрана Томаш Шимоњак, а ќе ја посети и 23. Егзибиција на одбранбената индустрија во Киелце, Полска.
Македонија и Полска имаат одлична одбранбена соработка, која се карактеризира со континуирани средби на високо ниво. Двете земји потпишуваат и годишни билатерални планови за соработка со активности со висок степен на реализација.
Дел од соработката помеѓу двете земји е учеството на питомци од Полска на меѓународниот Летен кампус во Република Македонија, како и интензивната соработка помеѓу Воената академија и Националниот универзитет одбрана во Полска.
Република Полска целосно ја поддржува Република Македонија на патот кон полноправно членство во НАТО-алијансата. Министерот Шимоњак во повеќе наврати има истакнато дека Македонија ги исполни сите критериуми и дека заслужува да биде дел од НАТО.
- Од позиција на министер за одбрана, можам да кажам дека Македонија е најдобро тестираниот партнер на НАТО. Тоа е само една од многуте причини заради кои треба да имаме специјална перспектива кон Македонија, изјави министерот Шимоњак на неодамнешниот Глобален самит во Вроцлав.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: еден загинат, двајца ранети
-
Две сообраќајки за само 4 часа на влезот во Штип
-
Демири не знае од каде е смрдеата во хируршките сали – нема ни одговорност за крахот на системот
-
Демири се закани дека вработените во болницата во Лешок ќе останат без плата
-
ССМ: За една година трошоците за живот повисоки за 200 евра
-
Земјоделците го блокираа центарот на Струмица, бараат повисоки откупни цени на градинарското производство