Јолевски се сретна со акредитираните воени аташеа во Македонија
Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денеска во Домот на АРМ имаа традиционална годишна средба со воените аташеа акредитирани во Република Македонија.
На традиционалната средба, министерот Јолевски нагласи дека највисок приоритет за наредната година останува континуитетот во спроведувањето на реформите, а интеграцијата во НАТО-алијансата стратегиска цел.
- Одличната соработка со вас е потврда за одличната одбранбена соработка помеѓу Република Македонија и вашите земји“, им порача министерот Јолевски на аташеа.
Според Јолевски оваа година ја одбележале поголем број реформи во одбранбениот систем, меѓу кои, продолжување на придонесот во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, на процесот на евалуација на декларираните единици, унапредувањето на интероперативноста на Армијата и учеството во меѓународни вежби. Како суштински елементи од одбранбените реформи, ги спомена почетокот на процесот за модернизација, реализацијата на проектот „АРМ – мој вистински дом“ и трансформацијата на Воената академија.
Ново на Сител
-
78-годишен пешак прегазен во Битола
-
Кривична за гостиварчанез за семејно насилство
-
Совети за очниот притисок и негово регулирање
-
Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк
-
Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак
-
Повеќе од две третини од Украинците сакаат преговори за завршување на војната
-
МЗШВ со финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” во износ од 48 милиони денари
-
Дурмиши: Обезбедуваме попусти до 15 отсто за училишен прибор, вистинска поддршка за семејствата пред школската година