Јолевски посака успешна академска година на идните доктори на универзитетот „Пепердајн“

Министерот за одбрана Зоран Јолевски преку видое-конференциска врска се обрати на идните доктори по правни наука и адвокати на почетокот на докторските студии по право на калифорнискиот универзитет „Пепердајн“.
Тој им порача дека почитувањето на правото и правната држава се столб на секое општество.
- Вие, потенцира, го направивте вистинскиот избор во однос на усовршувањето во оваа област. Универзитетот „Пепердајн“ е еден од најдобрите универзитети во Соединетите Американски Држави и во светот.
Тој додаде дека инвестицијата во образованието е една од најзначајните инвестиции во нивниот живот. - Патот на академското усовршување не е лесен, но е исплатлив, за Вас лично, но и за вашата држава и општество, рече министерот Јолевски.
Им посака успешни студии и високи достигнувања во понатамошната кариера.
Универзитетот „Пепердајн“ е еден од високо ценетите Универзитети во САД, целосно посветен на академското усовршување на идните лидери во поголем број области меѓу кои и правото, бизнис и менаџмент, образование и психологија.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
