Јолевски: Македонија придонесува за евроатлантската стабилност

Природата на безбедносните предизвици бара подобрена и сестрана соработка меѓу земјите и сите засегнати страни. Македонија се докажа како сериозен партнер во справувањето со безбедносните предизвици. Ние ги споделуваме проценките за безбедноста и континуирано даваме значаен придонес кон евроатлантската стабилност. Активно придонесуваме и во рамките на колективните напори за справување со современите предизвици, закани и ризици.
Ова денеска во Виена го истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски кој учествува на состанокот на земјите од Централноевропската одбранбена соработка (ЦЕДЦ) заедно со Македонија, Црна Гора и Србија, посветен на менаџирање на мигрантската криза, заштитата на европските граници и хуманитарната помош за мигрантите.
Министерот Јолевски, информираат од неговиот кабинет, рече дека Република Македонија на соодветен начин се справи со бегалците и мигрантската криза.
- Државните институции дејствуваат координирано и имаат воспоставено добра координација и соработка со земјите долж Балканската рута, посочи Јолевски.
Истакна дека Македонија ги презема сите мерки за безбедност за заштита на националните и регионалните интереси во согласност со политиката на ЕУ.
- Убедени сме дека нашите напори ќе бидат соодветно вреднувани и дека Македонија ќе го добие своето заслуженото место во евроатлантското семејство, порача Јолевски.
Преземените чекори од страна на Република Македонија беа поздравени од земјите на Централноевропската одбранбена соработка, а беше истакната и важноста на Македонија во справувањето со миграциските текови.
На состанокот учествуваа министрите за одбрана на Австрија, Македонија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Црна Гора, Србија, Словенија и Словачка. Австрија како актуелен претседавач и координатор со ЦЕДЦ ќе ја информира Европската унија и меѓународните партнери за прогресот и нивната интеграција во натамошните активности.
Во рамките на престојот во Австрија, министрите за одбрана на Македонија и Австрија, Зоран Јолевски и Ханс Петер Доскоцил го потпишаа планот за билатерална соработка во одбраната.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
