Јолевски-Ѓорѓевиќ: Македонија и Србија продолжуваат со интензивна соработка во одбраната

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска оствари билатерална средба со министерот за одбрана на Република Србија, Зоран Ѓорѓевиќ на која беше потврдена одличната соработка помеѓу двете земји.
На средбата, соопшти денеска МО, се разговарало за мигрантската криза и потребата од уште поблиска координација и комуникација помеѓу двете земји.
Министрите Јолевски и Ѓорѓевиќ истакнале дека се задоволни од нивото на досегашните контакти и изразиле подготвеност за нивно интензивирање особено во делот на меѓусебното користење на регионалните капацитети кои се развиваат во двете земји.
Во тој контекст министерот Јолевски ги понуди армискиот полигон „Криволак“ кој е уникатен по понудата за извежбување на различни типови терени, Центарот за обука на пилоти кој е еден од најсовремените центри од овој тип во Југоисточна Европа, како и Регионалниот центар за односи со јавноста, како прв партнерски центар за едукација во Република Македонија. Од српска страна биле понудени регионалниот центар за АБХО, Центарот за логистика како и Центарот за обука на копнени сили.
- Дополнително, министрите се согласија во потребата од изведување на заеднички вежби со што ќе се унапреди интероперабилноста помеѓу припадниците на двете Армии, стои во соопштението.
Министерот Ѓорѓевиќ на средбата се заблагодарил за улогата на Република Македонија во воспоставувањето на главниот штаб на Балканските медицински наменски сили во Скопје и укажал на тоа дека овој проект е од големо значење за Србија, земја од која доаѓа командантот на главниот штаб до 2019 година.
Ново на Сител
-

Пентагон бара од одбранбената индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, според допис на Фајнберг
-

22.000 луѓе евакуирани, прогласена вонредна состојба поради пожар во Британска Колумбија
-

Скопјанец управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка дозвола, возилото е одземено
-

Македонските тенисери со трофеј го завршија настапот во конкуренција на двојки на „Neocom open 2026“
-

Без плаќање во готовина од утре во јавниот превоз во општина Кавадарци
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
