Јолевски - Џонс: Потврдена одличната одбранбена соработка со САД
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, оствари средба со генералот Џим Џонс, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама и командант за Европа на Алијансата.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата биле разменети мислења за глобалната безбедносна ситуација, за кризните жаришта на Блискиот Исток, како и за безбедносните предизвици со кои се соочува светот и Европа. Генералот Џонс кој како американски генерал беше вклучен во воспоставувањето на мисијата УНПРЕДЕП, го поздравил напредокот на Република Македонија во областа на одбраната. Тој високо го оценил квалитетот на придонесот што Македонија го дава во НАТО мисијата „Одлучна поддршка“.
- Министерот Јолевски ги презентираше аргументите за што поскоро интегрирање на Република Македонија во НАТО. Двајцата соговорници разменија мислења како може да се зајакне соработката во областа на одбраната меѓу Македонија и САД, во духот на Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка потпишана меѓу двете земји во 2008 година. Иако оваа соработка е оценета како одлична, министерот Јолевски истакна дека постои простор за нејзино уште големо интензивирање, информира Министерството за одбрана.
Јолевски во текот на денот имал средба и со потенцијален инвеститор од САД во областа на воената индустрија. Биле разменети мислења за потенцијалите за унапредување на соработката во наменската индустрија.
Министерот за одбрана го продолжи престојот во САД со присуство на Конвенцијата на Демократската партија на која се очекува да се потврди номинацијата на Хилари Клинтон за претседателски кандидат. Министерството наведува дека присуството на Конвенцијата ќе биде искористено за остварување на средби со повеќе сенатори и конгресмени, како и со високи функционери на американската администрација.
Ново на Сител
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц
-
Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење