Јоханис: Евентуален закон за амнестија и помилување корумпирани политичари е закана за романската демократија
Романскиот претседател Клаус Јоханис упати сериозно предупредување до новиот министер за правда Флорин Јордаке дека „амнестирањето и помилувањето на корумпирани политичари би било катастрофа за Романија“ и дека „постои ризик од исчезнување на демократијата во земјата“, јави сајтот Зиаре.
Реакцијата на шефот на државата доаѓа откако Јордаке за време на сослушувањето во Парламентот, пред гласањето доверба на владата, изјави дека еден закон за амнестија и помилување би бил „добар знак“.
Јоханис, за време на денешното основачко заседание на Високиот совет на судии, подвлече дека е цврсто против ваквата иницијатива, која ќе ја укине претпоставката за еднаквост пред законот и следствено на тоа ќе доведе до исчезнување на правната држава во Романија.
-Има осудени политичари кои би го поздравиле ваквиот закон, што би ги спасил од сите проблеми. Тоа би ја разурнало правната држава и би постоел ризик за исчезнување на демократијата во Романија“, предупреди Јоханис, цитиран од весникот „Евениментул зилеј“.
„Веднаш штом се прифати идејата за амнестија и помилување, вклучително и на корумпирани политичари, ваквиот преседан би довел до исчезнување на еднаквоста пред законот. Тоа Романија би ја довело на траекторија што ја оддалечува од европските и евроатлантските вредности, во кои веруваат мнозинството Романци, уште додаде претседателот.
Јоханис забележа дека изјавата на Јордаке во комбинација со фактот дека претседателите на двата дома на Парламентот - Ливиу Драгнја и Калин Попеску Таричану - имаат судски проблеми, а првиот дури има и конечна пресуда, создава „загрижувачка слика“.
Шефот на државата, исто така, подвлече дека ниту една демократија не може да постои без независност на судскиот систем и ги повика судиите и обвинителите да се спротивстават на секој обид за политичка интервенција во правосудниот акт.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам