Јогланд за британскиот референдум: Европа ќе преживее
Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд изјави дека се надева оти денеска на референдумот Британците ќе се изјаснат да останат во ЕУ, но и дека Европа, ако одлуката биде поинаква, со тоа ќе се позанимава на „рационален начин“.
- Преседавав со комитетот кој и додели Нобелова награда на ЕУ, така што одговорот е очигледен. Навистина се надевам дека Обидинетото Кралство ќе остане. Верувам дека, во случај на друг исход, Европа ќе мора да се позанимава со тоа на рационален начин, така што ќе преживее, порача Јагланд.
Како што пишува „Гардијан“, Јагланд истакна дека Велика Британија нема да биде изолирана ако одлучи да ја напушти ЕУ.
Исходот на референдумот на кој право на глас имаат повеќе од 46 милиони избирачи, целосно е неизвесен, а референдумското прашање гласи: Дали Обединетото Кралство треба да остане членка на ЕУ или да ја напушти ЕУ?.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место