ЈО со постапка против скопјанец осомничен за продажба на марихуана
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, како и овозможување на употреба на наркотични дроги според член 216 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничениот 21-годишен скопјанец, на 4 ноември, во домот во кој привремено престојувал на улицата „Христо Татарчев“, неовластено за продажба држел 46,62 грама марихуана.
– При претресот во домот биле затекнати уште четири лица на кои тој им ставил на располагање просторија во станот за уживање во наркотичната дрога. Полициските службеници при претресот пронашле и дигитална вага со траги од канабис, се појаснува во соопштението.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерки на претпазливост за да се обезбеди присуството на осомниченото лице во текот на постапката односно забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска да се јавува еднаш неделно во судот, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова.
Ново на Сител
-
Се чека одлука за притворот на Груби и Бајрами
-
Промени и иновации за подобар регионален развој
-
Охрид: Потребна е засилена контрола на она што се гради
-
Преглед на вестите од свет
-
30 години Сител со Игор Филевски - Топки
-
30 годишни Сител со сопругата на Драган Вучиќ - Весна Вучиќ
-
30 години Сител со Снеже Велков
-
30 години Сител со Ирена Петкова - Бонго Бокс