JO со детали: Цариник од скопскиот аеродромот му помагал на на шверцерот со злато
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а второто за помагање при извршување на кривичното дело.
На 20 март, на граничниот премин Аеродром Скопје, на влез во земјава, осомничениот 32-годишник со двојно турско и српско државјанство, пренел непријавена стока преку царинска линија. Станува збор за над 43 килограми разновиден накит, во вкупна вредност од 2.200.000 евра. Во тоа со умисла му помогнал вториот осомничен со отстранување на пречките за извршување на кривичното дело.
Странскиот државјанин пристигнал со лет од Истанбул за Скопје и во просторот наменет за подигање на багажот го пречекал неговиот помагач, вработен во Царинската управа на РСМ, кој во тој момент не бил на смена и чија сестра патувала со истиот авион.
Царинскиот службеник го зел багажот и од сестра си и од осомничениот, па ги ставил на количка за багаж, по што сите тројца се упатиле кон „зелениот коридор“ за излез од аеродромот без пријава на царинска стока.
„Зелениот коридор“ бил затворен со безбедносна лента, па осомничениот цариник ја тргнал лентата и продолжил кон излезот. На тоа реагирал царинскиот службеникот кој го контролирал летот, но осомничениот се претставил како колега цариник и продолжил заедно со својата сестра и со осомничениот странски државјанин да се движи кон излезот. Тогаш интервенирале царинските службеници на смена, извршиле претрес на лицата и во ранецот на патникот од Истанбул пронашле 15 килограми златен накит, додека останатиот вреден накит бил пронајден во куферот на осомничениот натоварен на количката за багаж.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, да ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоци и услови да го повторат кривичното дело.
Ново на Сител
-
Запленети над 400 метри рибарски мрежи за крап на Дебарско Езеро
-
Мотоциклист заврши во болница по судир со автомобил
-
Маж каснат од куче скитник во Скопје
-
Стоилковски: Преговарачкиот процес со коалициските партнери е во напредна фаза и се базира на принципи
-
Ѓоковиќ: Не сум меѓу фаворитите на Ролан Гарос
-
Стоилковски: На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик
-
Претседателката Сиљановска Давкова во Рим оствари средба со претставници на македонската дијаспора
-
Столтенберг ги повика сојузниците во НАТО да ги укинат ограничувањата за употреба на западно оружје од Украина против цели во Русија