ЈО: Двајца приведени за убиството во Мала Речица
Вечерва во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени. Причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување.
Во организирана акција на обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде Наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и Наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици.
Дејствијата на Основното јавно обвинителство Тетово продолжуваат во континуитет се до целосно расветлување на настанот.
Ново на Сител
-
11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп
-
Бајден: Ја напуштив функцијата, но не и битката
-
Пет впечатливи моменти од церемонијата на инаугурацијата на Трамп
-
Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари
-
Томовски: Потребно е да се набави нов државен авион, па и половен
-
24-годишник починат во када
-
Трамп ја врати Куба на листата на земји спонзори на тероризам
-
Пациенти на Онкологија останаа без биолошка терапија