Јилмаз: Во Катар се гради турска воена база
Во Катар се гради турска воена база и истата ќе биде завршена за две години, изјави во Доха турскиот министер за одбрана, Исмет Јилмаз, цитиран од француските медиуми.
Тоа е првата турска воена база во регионот, посочи Јилмаз пред новинарите во рамки на изложбата за одбрана и безбедност ДИМДЕКС.
Јилмаз додаде дека спогодбата за изградба на базата ја одобрил турскиот Парламент.
Создавањето воена база е дел од пошироката спогодба во областа на одбраната, што Катар и Турција ја потпишаа на крајот од 2014 година.
И двете земји учествуваат во меѓународната коалиција за борба против Исламска држава, предводена од САД, потсетуваат француските медиуми.
- Ние сакаме да постигнеме соработка во областа на воената обука и да придонесуваме во стабилноста на регионот, рече Јилмаз.
Тој посочи дека катарски војници и авиони во моментов се наоѓаат во Турција.
Ново на Сител
-
Песков: Не ја исклучуваме можноста Трамп и Путин наскоро да разговараат
-
ДКСК отвори случај за тендерите во министерството за дигитализација
-
СДСМ: Обвинителството да реагира – корупција во министерството за дигитализација
-
По три обиди за грабнување на 40-годишна жена, по грешка ја грабнале Вања - ,,Особата беше идентична'', вели Манев
-
Таткото на Вања ја напушти судницата откако ги слушна деталите за нејзиното грабнување
-
Манев сведочи за убиството на Панче: Палевски му испука куршум во слепоочницата, па го превртуваше во дупката
-
Општина Кисела Вода субвенционира обука за полагање за возачка дозвола
-
Папата Франциск помина мирна ноќ во болница