Јилмаз: Во Катар се гради турска воена база
Во Катар се гради турска воена база и истата ќе биде завршена за две години, изјави во Доха турскиот министер за одбрана, Исмет Јилмаз, цитиран од француските медиуми.
Тоа е првата турска воена база во регионот, посочи Јилмаз пред новинарите во рамки на изложбата за одбрана и безбедност ДИМДЕКС.
Јилмаз додаде дека спогодбата за изградба на базата ја одобрил турскиот Парламент.
Создавањето воена база е дел од пошироката спогодба во областа на одбраната, што Катар и Турција ја потпишаа на крајот од 2014 година.
И двете земји учествуваат во меѓународната коалиција за борба против Исламска држава, предводена од САД, потсетуваат француските медиуми.
- Ние сакаме да постигнеме соработка во областа на воената обука и да придонесуваме во стабилноста на регионот, рече Јилмаз.
Тој посочи дека катарски војници и авиони во моментов се наоѓаат во Турција.
Ново на Сител
-
Кина најавува мерки како одговор на американските царини за челик
-
Македонските ракометари ја пречекуваат Словенија во квалификациите за ЕП
-
Определен 30 дневен притвор за Капушевски, Сулкоски и Муча, Јахоски оди во домашен притвор
-
Обвинителството на БиХ издаде налог за приведување на Додик
-
Шефот на руското надворешно разузнавање телефонски разговарал со директорот на ЦИА
-
Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Без вода дел од корисниците од улицата „Востаничка“
-
Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“