Јилдирим: Заради пучот во Турција се приведени над 40.000 лица
Во рамки на истрагата за минатомесечниот обид за пуч во Турција се приведени вкупно 40.029 лица, а околу половината од нив се и формално уапсени, изјави вчера турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Во говорот што во живо беше пренесуван на државната телевизија, Јилдирим додаде дека 20.355 лица и формално се уапсени во врска со со обидот за пуч од 15 јуло за што Турција ги обвинува следбениците на имамот Фетула Ѓулен, кој живее во САД, јавија британските медиуми.
Премиерот, исто така, кажа дека вкупно 79.900 лица се отстранети од јавните служби во рамки на чистките во редовите на војската, полицијата, судството и цивилните служби, како и дека се затворени повеќе од 4.260 компании и институции поврзани со Ѓулен.
Ѓулен, кој од 1999 година живе во доброволен егзил во Пенсилванија, ја негира својата вмешаност во пучот, кој и самиот го осуди, потсетуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Приведен 44-годишен кумановец, се заканувал на полициски службеници и носел остар предмет
-
65-годишна жена измамена преку социјална мрежа за сума од 6.700 евра
-
До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените
-
68-годишник од Скопје измамен од женско лице за сума од 48.875 денари
-
Кривична против 49-годишник од Дебар, физички нападнал адвокат во судница
-
Муцунски и Лами ја потпишаа Декларација за стратешко партнерство
-
Приведен 32-годишник од Струга, при претрес во неговиот дом пронајдена е дрога
-
Акциска контрола во угостителски објект во тетовско, приведени сопственикот и пет странски државјанки