Јилдирим: Турција се претвора во центар, кој обезбедува енергетската безбедност на Европа
Турција се претвора во центар кој обединува повеќе меѓународни енергетски правци и обезбедува енергетската безбедност на Европа, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим во Парламентот во Анкара, пренесува ТАСС.
- Турција станува центар каде се среќаваат енергетски патишта и се обезбедува енергетската безбедност на Европа, рече тој на состанокот на владејачката Партија на правдата и развојот.
- Со Азербејџан ги реализираме проектите Баку-Тбилиси-Чејхан, Шахдениз, ТАНАП, со Русија - „Син поток" и сега почнуваме реализацијата на проектот „Турски поток ", рече Јилдерим.
Русија и Турција вчера потпишаа меѓувладин договор за имплементација на проектот за гасовод под дното на Црното Море „Турски поток".
Договорот беше потпишан од министрите за енергетика на двете земји по преговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во Истанбул.
Според зборовите на Јилдирим, иако Турција е транзитна земја за пренос на енергија, тоа не ја намалува нејзината улога во регионот.
- Позицијата на земјата во енергетскиот коридор нејзината придонесува за нејзината стратешка важност, истакна турскиот премиер.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува
-
Камерите ќе го зголемат бројот на казни за сообраќајни прекршоци
-
Тротоарите во Скопје непроодни од ѓубре, Општина Аеродром и Градот поднесоа кривични пријави
-
Граѓаните бараат решение за Вардариште пред изборите – вчера повторно запалена депонија близу Арачиново
-
Резолуцијата на Филипче ќе добие конкретни забелешки од Владата по изборите