Балкан
19. July 2016 - 13:06

Јилдирим: Турција испрати докази до САД за вмешнаост на Ѓулен во пучот

Турскиот премиер Бинали Јилидирим денеска изјави дека неговата Влада до САД испратила докази, кои ја потврдуваат вмешаноста на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен во петочниот обид за воен удар во Турција.

- Владата му испрати на Вашингтон документи со кои побаравме екстрадирање на главниот терорист, изјави Јилдирим во обраќање пред пратениците на турското Собрание.

Тој потенцира дека турската Влада до САД испратила четири документи со кои се потврдува вмешаноста на Ѓулен во обидот за прварат.

- Доколку сакаат ќе им доставиме и други докази, истакна Јилдирим.