Македонија
22. August 2020 - 12:56

Јетон Шаќири предлог на ДУИ за министер на МИОА

Јетон Шаќири е предлогот на ДУИ за министер за информатичко општество и администрација. Информацијата за МИА ја потврдија од ДУИ.

Шаќири е професор на Меѓународниот универзитет во Струга.

Рокот за поднесување на предлогот за избор на нова Влада истекува на 2 септември. По вчерашниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, се очекува во наредните денови да биде закажана седница за избор на новата влада.