Јенс Столтенберг: Дијалог меѓу НАТО и Русија е можен
Зајакнување на врските на НАТО со Русија е можно и треба да се бараат начини за воспоставување дијалог со неа, изјави генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг во интервју за денешниот број на францускиот весник „Фигаро“.
Русија останува наш сосед и ние сакаме односите со неа да не стигнат до нова Студена војна, ниту до нова трка во вооружувањето. Продложуваме да се стремиме кон дијалог со Русија, така што сметаме, дека тој е возможен. Лично се уверив во тоа додека бев премиер на Норвешка, вели Столтенберг.
Тој истакна дека односите со Русија треба да се подобрат и да се бараат начини за намалување на ризиците за инциденти, кои при сегашната тензија може да доведат до појава на опасни ситуации.
Русија ја засилува позиција и ги модернизира своите вооружени капацитети, особено својот нуклеарен потенција, забележува шефот на НАТО.
Столтенберг повторно се изјасни критички за анектирањето на Крим, за кибер - нападите и хибридните акции на Русија со цел „слабеење на демократските институции на Западот". НАТО одговори на ова пропорционално, зајакнувајќи ја колективната одбрана, истакна тој
Ново на Сител
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“