-->
-->
Јеменскиот претседател се согласи на 72-часовен прекин на огнот
-->

Јеменскиот претседател Абд-Рабу Мансур Хади се согласи на 72-часовен прекин на огнот, со можност за продолжување, изјави денеска министерот за надворешни работи Абдел-Малек ал Мехлафи.
„Претседателот се согласи на 72-часовен прекин на огнот со подоцнежно продолжување, ако и другата страна се приклучи кон тоа", напиша министерот на Твитер.
Вчера САД, Велика Британија и ОН побараа од јеменската влада на претседателот Абд Рабу Мансур Хади и од шиитските бунтовници хуси веднаш да го прекинат огнот во Јемен.
- Дојде време да се утврди безусловен прекин на огнот, а потоа да се седне на масата за преговори, изјави државниот секретар на САД Џон Кери во Лондон, каде учествува на состанокот за решавање на конфликтот во Јемен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

44-годишен Охриѓанец ги тепал невенчаната сопруга и неговиот син
-

ИЕА предлага најголемо активирање на нафта од стратешките резерви
-

Донесена е одлука за избор на изведувач за Универзална сала, се чека второстепената комисија да се произнесе по жалбата
-

66-годишен Грк допирал 14-годишно момче во бања во Штип
-

64-годишен маж пронајден мртов во својот дом во Велес
-

Скопјанец возел до и низ Дебар иако имал забрана за управување на автомобилот
-

Министрите за енергија на Г7 отворени за ослободување на резервите на нафта
-

Вешто лице сведочеше за неправилности во препишувањето терапија во случајот Онкологија
