Јеменската опозиција не допатува на мировните преговори во Кувајт
Мировните преговори во Кувајт за прекин на едногодишната граѓанска војна во Јемен и интервенциите во земјата извршени од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, денеска нема да започнат како што беше предвидено, соопштија претставници на двете страни во конфликтот, кои меѓусебно се обвинуваат за непочитување на договорот за прекин на огнот.
Делегациите на бунтовничката група на Хутите и на партијата на поранешниот претседател Али Абдула Салех се уште не тргнале од Сана, правдајќи се со жестоките судири кои се водат, како и со воздушните операции на саудиската коалиција.
- Нема зошто да одиме во Кувајт ако примирјето не се почитува, истакна висок претставник на партијата на Салех, Генерален народен конгрес.
Двајца претставници на јеменскта Влада, која е поддржана од Ријад, изјавија дека опозициските делегации веројатно утре ќе пристигнат во Кувајт.
Ново на Сител
-
Нема нови случаи со шуга во училиштето во кумановско - ИЈЗ бележи зголемен број заболени од ова заразно заболување
-
Пулмологија преполна – грипот предизвика сериозни компликации кај хронични пациенти
-
„Градски превоз“ за почеток ќе користи стари реконструирани возови - инфраструктурата може да се користи
-
Владата одлучи за разрешување на државниот обвинител Коцевски
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнаа преговори Русија – САД во Ријад
-
Разрешувањето на Коцевски денеска на Влада, Наташа Крстевска Цалева поднесе оставка од раководител на Вишо јавно обвинителство
-
СДСМ ја повика власта да ги поддржи законите за подобрување на животниот стандард на граѓаните