Јелена Карлеуша не се срами од своето минато: Немав ни за чорапи ни за штикли кога почнав
Јелена Карлеуша си ја отвори душата и раскажа како порано немала пари ниту за нови чорапи. Пејачката се присети на почетоците на својата кариера.
-Кога ја почнував кариерата, морав сама се да финансирам. Првпат кога се појавив на телевизија, и тоа на РТС имав огромна трема. Носев сошиено фустанче, и тоа од позајмен сребрен материјал, зошто не можев да си дозволам ни тоа. Многу често немав дури и за чорапи, рече пејачката во емисијата „Лица и потпетици“.
Нејзината мајка Дивна се задолжувала за да и обезбеди квалитетна облека.
-Се вљубив во чевлите на дизајнерот Карл Лагерфелд, за кого дотогаш немав слушнато. Мајка ми виде дека ми се допаѓаат, па скришно ми ги купи. Се сеќавам дека тогаш изнапиша куп чекови за да ме усреќи, зошто чевлите беа колку 3 нејзини плати. Подоцна ги отплаќавме и отплаќавме, но јас во РТС се појавив во најскапи штикли, рече таа и открива поради што не се кае.
-Имав страотна фризура и бев премногу нашминкана за девојче од 16 години. Изгледав како да сум 10 години постара. Никој не ме доживуваше како девојче зошто јас самата себеси се претставував како вамп жена и мислев дека така ќе привлечам внимание на себе. Многу работи сега би ги променила, признава Карлеуша.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ
-
Дали со лажни потврди за примени вакцини во Бугарија родители сакаат да ги запишаат децата во училиште?
-
500 ученици во хуманитарна трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција