Јелена ги мотивира фудбалерите на Србија - „Ако го победат Бразил, се соблекувам гола и трчам до Русија“
Во стилот на славните светски убавици кои на провокативен и еротски начин се обидуваат да ги мотивираат нивните репрезентации или омилени фудбалски клубови за победа и успех, и комшиката Јелена Карлеуша распали со жешко ветување како мотивација за најдобрите фудбалери на Србија пред одлучувачкиот меч за пласман во мундијалското осминафинале против фаворитот Бразил.
Сопругата на фудбалерот на Србија, Душко Тошиќ, популарната Јелена Карлеуша на социјалните мрежи со нова „гола мотивација“ повторно се обидува да ги мотивира колегите на нејзиниот сопруг.
Ексцентричната Карлеуша вети дека ќе трча гола ако Србија го победи Бразил, вечерва.
- Малку е познато дека во Москва не отпатував поради тоа што веќе не можам да го поднесам стресот. Ако го победат Бразил, се соблекувам гола и трчам до Русија, (добро летам)“, напиша популарната Џеј Кеј на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп