Јавна седница во Врховен за двојното убиство во Вевчани

Во Врховниот суд на Република Македонија денеска се одржа јавна седница на која се расправаше за доживотната казна затвор за Здравко Србаковски, кој на 13 август 2014 година изврши двојно убиство во Вевчани.
Судењето го водеше претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, а во советот беа уште четворица судии, кои го ислушаа осудениот убиец.
Пред судскиот совет Србаковски тврдеше дека немал намера да изврши убиство и побара наместо доживотен затвор да добие 15 или 20 години, имајќи ја предвид неговата возраст.
Србаковски во кафана во Вевчани ги застрела со пиштол 23-годишниот Мате Ѓурчески и 43-годишниот Владо Попески.
Врховниот суд дополнително треба да ја соопшти одлуката за овој случај.
На денешното судење присуствуваа и студенти од Правниот факулет.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словачка
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
-

Трето прекршување на примирјето меѓу САД и Иран
-

Анкета: Мнозинството Германци не гледаат изборни бенефити за конзервативците од замената на Мерц
-

Иранскиот претседател повикува на промена во стилот на лидерство во земјата
-

Сончево со мала облачност, максималната температура до 34 степени
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
