Македонија
20. October 2016 - 13:59

Јавна расправа за изградба на пречистителна станица во Кочани

Здружението на пензионери од Кочани се вклучи во јавната расправа за изградба на пречистителна станица за отпадни води, која како проект ја реализира општина Кочани.

Проектот е почнат од страна на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани и општина Кочани, со финансиска подршка од Швајцарската влада и Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Јавната расправа има за цел да ги информира граѓаните на Кочани, а меѓу нив и членовите на Здружението на пензионери за оправданоста од изградбата на еден ваков објект за заштита на животната средина и значењето за идните генерации на општината и пошироко на регионот, изјави Ѓорѓи Серафимов, претседател на Здружението на пензионери од Кочани.

Проектот има неколку компоненти коишто се однесуваат на проширувањето на канализациониот систем на Кочани, а е вклучена и изградба на главен колектор кој ќе ги собира отпадните води од Кочани и населените места Оризари, Горни и Долни Подлог и Мојанци.

Пензионерите изразија задоволство од изградбата на пречистителната станица и колекторскиот систем.