Јавна расправа во Собранието за еднородителските семејства
Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска организира јавна расправа на тема „Поддршка при имплементација на социјални политики, мерки и буџет за еднородителски семејства“.
Јавната расправа се организира во соработка со Клубот на пратенички, а е на иницијатива на Граѓанската организација за еднородителски семејства „Една може“ од Скопје.
Покрај членовите на собраниската Комисија, на јавната расправа се очекува да присуствуваат и претставници од Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа, Агенцијата за вработување, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, координаториските за еднакви можности на министерствата, градоначалници и претставници од невладини организации.
Ново на Сител
-

Екологистите алармираат дека години наназад на потегот од Струга до Калишта се пустоши трската
-

Преглед на вестите од светот
-

Системската корупција и нејзиното влијание врз евроинтеграцииете низ очите на млад истажувач
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“
-

Политичка пресметка за РКЕ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во судир за Ацо Ристов
-

Собрание избра: Ненад Савески е нов државен обвинител
-

Поднесени 27 амандмани за законот за јавно обвинителство
-

Полицајците во контрола на Пулс, се воделе од препишан план

