Македонија
18. December 2017 - 8:28

Јавна дискусија за потребата од поддршка на печатените медиуми

Јавна дискусија за потребата од поддршка на печатените медиуми и изнаоѓање форми и модалитети ќе се одржи денеска во Владата на РМ.

Како што соопшти Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, дискусијата е предвидена согласно Планот 3-6-9 на Владата, со цел да се разменат мислења и да се изнајдат форми и модалитетите на поддршка на печатените медиуми.