Бизнис
17. May 2016 - 11:59

Јавен повик за пријавување штети на земјоделски насади во Ресенско, предизвикани од ниските температури

Општина Ресен денеска објави јавен повик за пријавување штети на земјоделските насади предизвикани од ниските температури што во периодот од 21. до 23. и на 27 април го зафатија регионот.

- Општина Ресен ги повикува граѓаните кои сметаат дека ниските температури што ја зафатија општината во периодот од 21-ви до 23-ти и на 27 април и им нанесоа материјална штета на земјоделските насади да пријават во просториите на Општината, соопшти општинската прес-служба.

Заинтересираните граѓани пријава може да добијат во општина Ресен или на веб страницата www.resen.gov.mk. Со пријавата, како што е наведено во јавниот повик, потребно е да се достави копија од имотен лист или од договор за закуп, доколку имотниот лист не е на име на барателот, како и копии од лична карта и од трансакциска сметка.

Штетите може да се пријавуваат секој работен ден од 10 до 15 часот од денеска до 25-ти овој месец.