Јавен повик за национални волонтерски награди

Волонтерскиот центар на Македонија при Младински културен центар (МКЦ) Битола, во пресрет на 5. декември меѓународниот Ден на волонтерите, го објави традиционалниот јавен повик за доделување национални волонтерски награди.
Од МКЦ-Битола информираат дека годинава доделувањето на национални волонтерски награди се организира по 10 јубилеен пат, а според востановената практика ќе биде доделен златен сертификат за волонтерство за поединци, организации или волонтерски иницијативи.
- Право на учество имаат граѓански здруженија, фондации, неформални групи, локални самоуправи, јавни институции, државни органи и други организатори на волонтерска работа. Предложените, треба да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман во текот на 2015 година или пак во промоцијата на волонтерската работа, соопштуваат од МКЦ-Битола.
Јавниот повик и доставувањето на предлозите се врши до 27 ноември во Волонтерски центар на Македонија, во седиштето на МКЦ-Битола.
Ново на Сител
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
