Јавен обвинител врши увид на местото каде беше застрелано 24-годишното момче
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека дежурен јавен обвинител заедно со увидна екипа на Министерството за внатрешни работи врши увид на местото каде денеска околу 18 часот беше застрелано 24-годишно момче.
- Пукањето се случило во непосредна близина на местото на живеење на сега починатото лице, на улица „Џон Кенеди“ спроти средното училиште „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир. Првичните сознанија се дека пукањето следело по вербална расправија меѓу сега починатиот и сторителот, по што сторителот посегнал по огнено оружје и го застрелал 24-годишното момче. Од здобиените повреди кај жртвата настапила смрт. Сторителот се дал во бегство, информираат од Основното јавно обвинителство.
По наредба на јавен обвинител се подигаат траги од лице место кои ќе бидат предмет на обработка. Издадена е и наредба за обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Скопје работи на утврдување на фактите во кривично правниот настан за што јавноста ќе биде дополнително информирана, стои во соопштението.
https://
.be
Ново на Сител
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании
-
Променливо и нестабилно време и во наредните денови
-
До 11 часот на гласање излегле 16,46 отсто од гласачите во седумте избирачки места каде се прегласува
-
Избувнал пожар во женското одделение во затворот „Идризово“