Македонија
10. August 2023 - 17:12

Јавен обвинител нареди технички преглед на возилата во сообраќајката кај Росоман и да се испита присуство на алкохол кај учесниците

Јавен обвинител нареди технички преглед на возилата во сообраќајката кај Росоман, како и испитување присуство на алкохол кај учесниците во несреќата, во која две лица загинаа, а три се потешко повредени. За ова попладнево информираа од Обвинителството. 

- Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа кај Росоман, во која две лица го загубија животот на лице место, а уште три лица со тешки телесни повреди и во животна опасност се префрлени на лекување во Скопје, појаснија од Обвинителството. 

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издал наредба за фотографирање, скицирање и снимање на местото на несреќата. 

Сообраќајката се случи утрово на патот Градско - Прилеп, кај Росоман.