Јапонското момче оставено во шумата му прости на татко му
Јапонско момче кои родителите за казна го оставија во шумата, денеска е пуштено од болница, а неговиот татко рече дека седумгодишниот син му простил.
Момчето Јамато Таноко, како се водеше како исчезнато шест дена, беше пронајдено неповредено во една колиба каде имало вода, но не и храна, на пет километри од местото каде го оставиле неговите родители.
Таткото му се извинил на синот затоа што го оставил во шумата и што им созадал проблеми.
- Првата работа која му ја кажав на мојот син е дека многу ми е жал што морал да страда поради тоа што му го направив, изјави таткото Такајуки Танука за телевизијата Ти-Би-Ес.
На ова, според него, момчето одговорило: „Ти си добар татко. Ти простувам“,
Родителите признаа дека момчето го оставиле во шумата во планински реон во северниот дел на Хокаидо по казна затоа што фрлал камчиња во реката.
Двојката во почетокот тврдеше дека момчето се изгубило, но подоцна признаа дека го оставиле „само на пет минути“ по казна, но дека тој бил исчезнат кога се вратиле по него.
Ново на Сител
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро
-
Дали Стоматолошката комора работела незаконски ќе испитува Обвинителството
-
Онколошки пациенти реагираат за партиципацијата на „анастрозол“ и „летрасан“
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?