Jапонско јаболко- природен лек за превенција од многу болести
Јапонското јаболко е најубаво во зимските денови. Тогаш неговите листови опаѓаат, па на голите гранки остануваат портокаловите плодови.
Посебно интересен е податокот дека на некои дрва, јапонските јаболка достигнуваат тежина и по 400 грама. Тоа што е најважно е дека ова јаболко е богато со витамин Ц, и со тоа овие плодови се одлични за јакнење на имунитетот и подобрување на општата состојба на организмот.
Освен витамин Ц, тоа е богато и со билни влакна па помага и во намалување на нивото на холестерол и регулирање на варењето. Тоа исто така изобилува и со фруктоза, па се препорачува за оние кои имаат високо ниво на шеќер во крвта.
Флавоноидите кои ги содржи го прават овој плод одличен за превенција на кардиоваскуларни заболувања. Тие исто така го штитат и нашето тело од влијанието на слободните радикали. Во источната медицина, јапонските јаболки се користат како помош во лечењето на воспаленијата на цревата, хемороидите, болестите поврзани со желудникот, жолчката и црниот дроб. Исто така, се користи и како лаксатив, а е познато и по своите антибактериски и антибиотски својства.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
-
Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче