Јапонските власти до населението: Не правете залихи од храна поради најавите за мегапотрес
Јапонските власти побараа од граѓаните да не складираат „прекумерни залихи“ на стоки за широка потрошувачка откако најавата за можен „мегаземјотрес“ предизвика зголемена побарувачка.
Министерството за земјоделство и рибарство во порака на социјалната мрежа Х го повика населението да избегнува да прави прекумерни резерви на основни добра.
„Подгответе резерва за три дена по лице“, советуваат од министерството.
Супермаркети во Токио објавија известувања во кое им се извинуваат на клиентите за недостигот на некои производи кои се припишуваат на медиумските извештаи за земјотресот. Се додава дека има одредени ограничувања за купување и дека флашираната вода веќе е ограничена поради „нестабилноста“ на снабдувањето.
Преносливи тоалети, конзервирана роба и флаширана вода утрово беа меѓу најпребаруваните ставки на веб-страницата на најголемата јапонска компанија за е-трговија Ракутен.
Некои продавници долж брегот на Тихиот Океан, исто така, пријавија голема побарувачка за слични производи поврзани со можната катастрофа, објавија локалните медиуми.
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување по земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтер во кој беа повредени 14 лица на југот на земјата дека постои зголемена можност за нов силен земјотрес.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели